Низ историјата, движењето на луѓето ја збогатувало културата, овозможувало широко распространето споделување на знаењето и го забрзало човечкиот напредок. Миграцијата е всадена во нашата ДНК како човечки битија и многумина од нас имаат да раскажат приказна за миграцијата; од нашето сопствено животно искуство, од искуството нашето семејство или на луѓето со кои комуницираме секој ден. Тука, во E-Mindful, негуваме таписерија од поединечни приказни, кои ќе бидат дел од онлајн изложба, која пак, ќе се вклучи во изложбата што ќе се одржи во Виена подоцна оваа година за да се одбележи Меѓународниот ден на миграцијата. За да го направиме тоа, сакаме да ја слушнеме ВАШАТА приказна за миграцијата.
Тоа може да биде приказна од вашето сопствено искуство, на член на семејството, па дури и разговор што сте го имале со странец за нивното искуство со миграцијата. Бараме креативни начини за изразување на овие приказни, било да е тоа во форма на есеј, песна, видео, слика, илустрација или кој било формат што го поттикнува вашиот креативен наплив. Вашите творби може да ги доставите на info@e-mindful.eu. За да се пријавите, испратете ни е-пошта со наслов „E-MINDFUL Stories of Migration“