Бодликавите прасиња на Шопенхауер: зошто прифаќањето на украинските бегалци нема да боли
Од Тереза Албано, службеник за економски прашања во ОБСЕ, виш проектен менаџер, проект E-MINDFUL
„Група бодликави прасиња се стуткаа едно до друго за да се стоплат, еден студен зимски ден; но, како што почнаа да се боцкаат едно со друго, мораа да се разотидат. Но, студот пак ги зближи заедно, и повторно се случи истото. . . На истиот начин, потребите на општеството ги зближуваатморските прасиња, за на крај заемно да почнат да се одбиваат со бодликавите и неусогласени карактеристики на нивната природа.”, Шопенхауер, 1851/1964, стр. 226
Кај дилемата на бодликавото прасе, популаризирана од страна на германскиот филозоф Артур Шопенхауер, луѓето имаат потешкотии да гопронајдат соодветното растојание за да одржуваат значителни меѓучовечки односи. Според филозофот, колку повеќе се зближуваме, толку повеќе сме во опасност да бидеме повредени.
Се чини дека бранот на емпатија, кој отвори многу врати за Украинците во интимноста на домовите на мноштво згрижувачки семејства, претставува предизвик за дилемата на бодликавото прасе. Различно од сличните искуства, доаѓањето на милиони Украинци беше добредојдено до таа мерашто набрзо беа воведени посебни мерки за заштита, давајќи неверојатен пример за тоа како ставовите на јавноста влијаат врз политиките поврзани со приемот на мигрантите и бегалците.
Зошто е тоа така?
Луѓето како „нас”
Тоа што овој случај очигледно го покажува е влијанието на комуникацијата и на медиумите врз ставовите на јавноста и на миграциските политики, нудејќи единствена можност да се разбере како наративите влијаат врз перцепцијата и врз пристапите на политиките кон мигрантите и бегалците во општествата што ги прифаќаат. Слично како и улогата на митологијата во минатото, овие наративи нудат компас преку кој ќе биде овозможено движењето низ комплексностите на реалниот живот, обликувајќи го однесувањето и оформувајќи заеднички идентитет и вредности, кои се рефлектирани во политиките.
Во случајот на раселениот Украинец, доминантната црта на наративот е содржан во концептот „луѓе како нас”. Во очигледна контрадикција со германскиот филозоф, општествените науки потврдуваат дека колку повеќе ги перцепираме странците како „блиски” до нас, толку попозитивни чувства имаме кон нив и така и се однесуваме. Во оцртувањето на оваа „блискост” со украинските мигранти и бегалци, наративите имаат тенденција да се потпираат на клучни фактори како што се „ранливост” и „близина”.
Наративите што се однесуваат на мажите странци – главно млади, кои патуваат сами – имаат тенденција да предизвикуваат чувства на анксиозност и отпор, оправдувајќи ги, на тој начин, рестриктивните миграциски политики, додека ранливоста и пасивноста што традиционално се поврзуваат со жените и децата упатуваат на заслуга, и ги туркаат политиките кон обезбедувањепоголема заштита. Актуелната медијатизација на приказните за украинските жени и деца – жртви – помага во рушењето на митот дека бегалците и мигрантите претставуваат потенцијална опасност за општествата кои ги примаат.
Географската близина е уште еден фактор кој ги катализира позитивните ставови кон мигрантите и бегалците. Нетолку поврзано со физичкото растојание, но просторната близина се толкува преку чувствo на културолошкa, верскa и етничкa сличност. Земајќи го предвид долготрајното присуство на украинската дијаспора, прифаќањето на раселените сонародници е налик повторен собир во заедницата, каде што тие се добропознати соседи и членови на семејството.
Но, она што го прави раселувањето на Украинците дотолку повеќе да резонира во јавното мнение се општите прилики кои ја опкружуваат сегашната ситуација. Тековниот драматичен конфликт потсетува на времето на создавањето на европскиот индентитет: масовните раселувања предизвикани од Втората светска војна, кои ја потикнаа самата дефиниција на концептот „бегалец” во Женевската Конвенција од 1951 година. Оваа колективна меморија јасно ги издвојува „добрите” и „лошите” ликови во нарацијата на тие настани, поттикнувајќи моќен процес на самоидентфикација, кој солидно резонира кај публиката и не остава простор за алтернативни интерпретации и анализи.
Проектот E-MINDFUL: градење на место каде што секој би се чувствувал „доволно близок”
Според првичните резултати од проектот E-MINDFUL, за да се обезбеди долготрајна солидарност, потребни се солиден наратив и кохерентна приказна, но истите се недоволни. Истражувањето покажува дека јавниот дискурс и ставовите на јавноста околу мигрантите и бегалците се променливи и можат многу брзо да се променат доколку не се одржуваат правилно, како што се гледа од анализата што се спроведе во рамки на проектот, a која ќе биде презентирана на крајот од јули 2022 г. Наскоро може да се појави замор од солидарноста и емпатијата, евентуално намалувајќи го просторот за меѓусебна толеранција во прифатните заедници, доведувајќи ја дилемата на бодликавото прасе повторно во фокусот на креаторите на политики.
Иако кризите – каков што е тековниот конфликт во Украина – катализираат позитивни ставови кон раселените лица, особено кон најранливите, миграцијата е феномен што бара темелно и внимателно планирана комуникациска стратегија. Проектот E-MINDFUL, всушност, има за цел обезбедување алатки, методи и пристипи за промоција на соодветен наратив што може да резонира надвор од стереотипните пораки. Во сѐ поповрзан свет, каде што сѐ повеќе луѓе живеат, учат и работат во странство – како резултат на доброволна или принудна мобилност – овие напори се од витално значење за да се изградат услови за мирен соживот, каде што секој ќе се чувствува „доволно близок” за да изгради значајни и долготрајни врски.